Страотна сообраќајна несреќа, двајца малолетници пренесени во болница

Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа кај Кичево.

– На 17.03.2024 во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки,

управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско.

По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата во дневнито билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде