Светот тагува: Почина познатиот Дејвид Сајдлер

Дејвид Сајдлер, најпознат по сценариото за филмот „Говорот на кралот“ за коe доби Оскар, почина на 86-годишна возраст, објави Би-би-си.

Сценаристот на големото платно ја донесе вистинската приказна за тоа како британскиот крал Џорџ Шести ја надминал говорната мана.

Сајдлер, кој и самиот пелтечеше, го посвети својот Оскар од 2011 година на „сите личности што пелтечат во светот“. Филмот „Говорот на кралот“ освои четири Оскари таа година, а еден му припадна на актерот Колин Фирт, кој го толкуваше кралот.

Во февруари 2011 година, Сајдлер освои две награди БАФТА, а во септември истата година ја доби наградата Хјуманитас за неговата работа.

„Пишував за себе“, изјави Сајдлер во интервју за Би-би-си таа година.

Менаџерот на Сејдлер, Џеф Агаси, потврди за британскиот медиум дека сценаристот починал во саботата.

„Дејвид беше на местото што најмногу го сакаше на светот, Нов Зеланд, правејќи го она што му даваше најголем мир, а тоа е риболовот“, изјави Агаси.

Роден во 1937 година, Сајдлер се преселил во САД во раните денови на Втората светска војна и Лондонскиот Блиц. Студирал на Универзитетот Корнел каде што бил пријател со американскиот писател Томас Пинчон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде