Позната причината за смртта на младата докторка Моника Лукровска

Информацијата за смртта на младата докторка Моника Лукровска ја објави јавната здравствена установа каде таа работеше како доктор – специјализант.

„Остави траги и многу спомени зад себе.Денес сите не смрзна,сите не замолчи во еден миг. Во еден миг застана се и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас а без глас.

Добриот човек секогаш ќе се памти“, стои во Фејсбук објавата каде додаваат дека Моника секогаш зрачела со позитивна енергија без разлика на секојдневието.

40 – годишната Моника Лукровска која работеше како доктор на специјализација загина во тешка сообраќајка која се случи во средата, доцна вечерта на магистралниот пат Скопје – Блаце.

Министерството за внатрешни работи, вчера ја пренесе веста за сообраќајката информирајќи дека едно лице е починато во сообраќајна незгода, а со телесни повреди сте здобиле уште пет лица.

„На 20.03.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(40) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(52) од с.Сарај, скопско.

Од здобиените повреди на местото починала М.Л., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и неговата сопатничка А.И.(25), а со телесни повреди се здобиле сопатничката З.В.(47) и двајца малолетни сопатници, сите од возилото „фолксваген голф“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, стои во полицискиот билтен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде