Тешка сообраќајна несреќа, малолетник со тешки повреди пренесен во болница

Вчера, во 10.30 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека на улицата Браќа Миладинови се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“,

со винички регистарски ознаки, управувано од А. Б. (24) од Виница, и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Виница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде