Девет минути по 23 часот, во СВР Скопје добиен е повик од парк во близина на поранешната фабрика Железара, велат од МВР за ТВ21.
Со убодни рани по телото бил пронајден А.Т (67) години од Скопје. Тој се наоѓал во сопственото возило марка „Киа“ со скопрски регистарски ознаки.
Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.