Погребан е докторот Ацо Трпковски – ова се најновите детали за убиството кое ја потресе Македонија

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар од поликлиниката „Железара“ кој беше пронајден избоден до смрт во својот автомобил на местото на неосветлениот паркинг во близина на работното место, денеска е погребан, но неговиот убиец и натаму не е пронајден.

Нема ниту осомничени, ниту приведени од страна на полицијата и обвинителството.

Единствено е познато дека се прегледуваат видео-камерите од страна на полицијата, додека од обвинителството ги чекаат наодите од обдукцијата.

Од надлежните институции единствениот одговор е дека „интензивно се трага“, а во меѓувреме Трпковски денеска беше погребан.

Во понеделник од 12 до 16 часот матичните лекари нема да работат во знак на протест.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде