Страотни несреќи, две лица со тешки повреди пренесени во болница

На 22.03.2024 околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39) од Велес и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20) од Велес.

Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

На 22.03.2024 околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“, на место викано „Багремче“, во Велес, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(39) од Велес, удрило во пешакот Ц.М.(77) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде