Следува драстична промена на времето: Метеоцентар ја објавува новата четиридневна прогноза

За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Утре ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање.

Прогноза за 25.03.2024
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи, особено претпладне. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Прогноза за 26.03.2024
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 27.03.2024
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде