ВОНРЕДНО: ТВ 24 дојде до пратеничките листи кои Ковачевски ќе ги предложи на Конгресот

ТВ 24 дојде до пратеничките листи на СДСМ – актуелните пратеници и фунционери кои секојдневно ги „биеја“ битките на Ковачевски по дебатите и во Сибранието сведени на минимум, речиси и да ги нема на добитни места на пратеничките листи. 

Според инфорамциите на ТВ 24, Ковачевски ова на синоќешниот состанок на најтесното партиско раководство го правдал со анкети, но и со рамномерна застапеност меѓу општинските организации.

Па така освен двоецот Ковачевски и Зајкова, во првата изборна единица, добитно место има за Даниела Николова, актуелна пратеничка, за која високи партиски функционер вели дека без образложение, кое го барале го заземала местото на Александар Бајдовски како предлог од ОО Аеродром,

и според инфорамциите иако имало укажување ан синоќешната координација, дека Бајдевски треба да го заземе тоа место, Ковачевски не попуштил, четврти е Бојан Маричиќ, петта Милена Стевановиќ, Маја Морачанин, по што следува актуелниот пратеник и портпарол Даарко Каевски, Љубица Јанчева советник од град Скопје, Љупчо Фармаковски и Андреј Лозановски.

На листата го нема генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ,  ја нема и заменичката за правда Викторија Мадиќ, која изминатиов период можеше да се види на сите јавни настапи на Ковачевски, но и која ги „избутка“ измените на КЗ, но и потпретседателот на партијата и актуелен директор на царина Стефан Богоев, како ни екс градоначалникот на Скопје и челна на ИО Петре Шилегов. 

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: ТВ24

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде