Доцна синоќа уапсен познатиот актер

Инспектори наводно синоќа го привеле актерот Сергеј Трифуновиќ откако кај него пронашле неколку грама недозволени супстанции, јавуваат српските медиуми.

Трифуновиќ наводно бил приведен околу 20:00 часот на Вождовац откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил дрога од познаник, пишува „Блиц“.

Според понатамошните информации, уапсен е и маж кој бил во друштво на Сергеј Трифуновиќ, а кој е осомничен дека му продал неколку пакетчиња марихуана.

– Во таа прилика кај него е пронајдена одредена количина наркотици, која при акцијата за апсење е запленета – изјавил изворот за „Информер“.

Сергеј Трифуновиќ и неговиот познаник биле приведени во полиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде