Убави вести: Доаѓа ново покачување на пензиите – EВЕ КОГА

Ново покачување на пензиите ќе има во септември согласно системското решение кое беше донесено пред извесно време.

Пензиите ќе се покачуваат секоја година по два пати согласно инфлацијата, растот на просечната плата и други фактори.

Да потсетиме, во март пензиите скокнаа за нови 5,3 проценти.

Со полугодишното усогласување, просечната мартовска пензија ќе биде поголема за 5,3 отсто на сметките на пензионерите.

– На 1 април што ќе ја земат пензијата за март ќе има ново покачување кое ќе се движи, односно ќе биде 5,3 проценти. Ова е според методологијата донесена во март 2022. Од тогаш за две години имаме за 30 проценти повисоки пензии, рече тогаш Тренчевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде