Тешка сообраќајна несреќа, три лица пренесени во болница

Три лица се полесно повредени попладнево во сообраќајката што се случи кај раскрсницата кон Градашорци на патот Струмица –  Радовиш.

Сообраќајката се случи вчера попладне околу 18 часот при што едно возило беше превртено на коловозот, пишува порталот Дрнка.мк.

Веста ја потврди и портпаролот на струмичката полиција Александра Трајанова која соопшти дека во сообраќајката учествувале три возила при што три лица се полесно повредени.

Полицијата изврши увид и ќе ги утврдува причините како се случи сообраќајката на раскрсницата кон населното место Градашорци.

Извор: Дрнка.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде