Актерот Вилијам Расел почина на 100-годишна возраст.
Оваа вест ја потврдија и за The Guardian, а како што беше кажано, актерот починал на 3 јуни.
Роден е на 19 ноември 1924 година како Вилијам Расел Енох и бил успешен британски актер.
Јавноста најдобро го памети по улогата на Иан Честертон во научно-фантастичната серија „Doctor Who“, која и Македонците ја обожаваа.
Оваа улога ја повтори во 2022 година, дури 57 години откако неговиот лик последен пат се појави во оваа серија. Привлече големо внимание кај гледачите.
Расел глумеше и во „На пат“, „Голема шанса“, „Големото бегство“, „Терор“, „Супермен“, „Робин од Шервуд“ и други.