Татко му го убил во ходникот, баба му и дедо му додека гледале телевизија: Шокантни детали за трагедијата во Србија

Алекса Милојевиќ е уапсен за тројно убиство – дедото М.М.(81), бабата С.М.(83) и таткото П.М.(60).

Според информациите од Србија, трагедијата се случила денеска околу 15 часот и 50 минути. Телото на таткото било пронајдено во ходникот, каде било пронајдено многу крв. Ги убил бабата и дедото во дневната соба, додека гледале телевизија.

Познавачите велат дека Алекса никогаш не се пожалил дека нешто му е тешко, дури ни на неговите најдобри пријатели.

Немаше навестувања дека може да се случи вакво нешто. Дојдоа од Германија во 2000 или 1999 година. Добри соседи, никогаш ништо не се слушнало од нивната куќа – велат соседите.

Момчето беше супер, секогаш не поздравуваше – велат соседите.

Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни. Убиството го извршил со ловечкото оружје на дедо му. Веднаш бил уапсен и го признал делото. На полицијата и рекол дека повеќе не може да се грижи за нив – изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде