Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила во средата во Грција, во градот Катерини.
Тешката сообраќајна несреќа се случила околу 10:30 часот по локално време кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус.
Зад воланот на автомобилот бил државјанин на Србија, а до несреќата дошло кога директно се судрил со локален автобус, управуван од 64-годишен маж.
Според грчките медиуми, во оваа несреќа со повреди се здобиле татко, мајка и дете. Сепак, жената од повредите починала во четвртокот во болница и покрај напорите на лекарите да го спасат нејзиниот живот.
Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска. Во оваа сообраќајка е повредено дете (2) кое итно е префрлено во болница во Солун.
Грчката полиција работи на утврдување на околностите под кои се случила несреќата. Семејство од Србија било на одмор во областа Пиерија.