Страотна сообраќајка доцна синоќа во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа доцна синоќа во Скопје. Според информации на ТВ21, БМВ со скопски регистарски ознаки се забило во бандера на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода.

Според првичните информации, возачот кој управувал со автомобилот се здобил со тешки повреди и итно е префрлен на скопските клиники.

Во моментов нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.

Пожарникари учествувале во акцијата за спасување и извлекување на возачот, кој засега од непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од булеварот.

На лице место полицијата изврши увид, а сообраќајот се одвива без поголеми задржувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде