Пороен дожд, силен ветер и град: УХМР најавува невреме во Македонија

Од УХМР известуваат дека во Скопје, особено во петок претпладне, ќе го зафати нестабилно време и пороен дожд.

„Утре во ноќните часови и во петок под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи,

локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град“, објави УХМР.

Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде