ТРАГЕДИЈА! Тригодишно дете почина во дворот на семејната куќа додека си играло!

Тригодишно дете почина денес околу 17 часот во Сјеница во село Дражевиќ.

Несреќата се случила во дворот на семејната куќа, каде детето си играло, а сè уште не се знае како дошло до неговата смрт.

Екипата за итна помош, која дошла на повик на родителите, можела само да ја констатира смртта.

– Детето се качуваше на автомобилот што беше паркиран во дворот, можно е да паднало и да се здобило со смртни повреди – велат мештаните на Дражевиќ.

На местото на несреќата во тек е увид на полицијата. Сите детали за овој случај ќе бидат утврдени со детална истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде