Славчо Попоски утрово со најнова анализа: Еве какво време не очекува викендов

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендот кој е пред нас ќе го одбележи стабилно, суво и сончево време, особено во недела  и со појава на мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак утрешното утро ќе биде и значително посвежо со минимални утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Преку денот температурите ќе бидат високи, но не толку високи како што беа изминатите денови, па така тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Во Скопје и околината исто така овој викенд ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 33 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде