Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесена во болница, пренесува „Прототема“. Полицијата го привела осомничениот.
Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани.
“Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника.
Бевме преплашени, мислевме дека се работи за терористички напад”, изјавиле очевидци.
Двајца турски државјани влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. Трет човек веднаш влегол зад нив и извадил пиштол и почнал да пука.