Важна информација: Се преврте камион, сообраќајот на овој автопат е во прекин

Товарно возило „МАН“ со тетовски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало на коловозот на делницата Скопје – Тетово, а во несреќата со телесни повреди се здобил шоферот на возилото.

Станува збор за 46 годишник од Тетово кој веднаш е пренесен во тетовската клиничка болница.

Поради несреќата која се случила во 19 часот и 45 минути сообраќајот на автопатот е во прекин, а сите возила се пренасочуваат по стариот пат.

Несреќата се случила во близина на селото Групчин.

Станува збор за камион мешалка на бетон.

Убид на местото на несреќата извршиле екипи на СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде