Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 31 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.
Од петок следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.