ТРАГЕДИЈА на македонските патишта: Во страотна несреќа загина 18-годишно момче
На 10.07.2024 околу 10.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07.00 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.