Иако беше најавено снег само на повисоките места, утрово граѓаните во повеќе населени места се разбудија со снег.
Врнежи од снег има во Кратово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Делчево…
Нека е аирлија, првите снегулки ги имаме и во градовите. Кратово утринава под бела покривка, напиша Попоски на Фејсбук.
Делчево 365 утрово објави прекрасни фотографии од пијанечко-малешевскиот регион каде утрово има врнежи од снег.
