Иако беше најавено снег само на повисоките места, утрово граѓаните во повеќе населени места се разбудија со снег.
Врнежи од снег има во Кратово, Пробиштип, Радовиш, Берово, Делчево…
Патниот правец Кратово – Пробиштип, е затворен за сообраќај за тешки моторни возила, поради наноси од снег, велат од АМСМ.
Патниот правец е затворен од 7 часот утрово, и не е познато до кога ќе трае.
Сообраќајотна државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на собораќај надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
