Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и со сончеви периоди.
Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи меѓу – 5 и 4 степен, а дневната ќе достигне до 14 степени.
Во Скопје малку до умерено облачно и студено со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 13 степени.
