Тажна вест: По тешко боледување почина легендарниот кошаркар

По долга болест на 55 години почина Оливер Милер, некогашен кошаркар, кој за време на кариерата играше за шест различни НБА екипи.

Еден од најтешките кошаркари во историјата на НБА лигата, Феникс го избра на драфтот 1992 година како 22. избор, а за таа екипа Милер играше од 1992 до 1994 година, и потоа за време на 1999 и 2000 година.

Во својата прва НБА сезона, Милер како член на Феникс играше во финалето и загуби од Булсите на Џордан.

Носеше уште дресови на Детроит, Торонто, Далас, Сакраменто и Минесота, каде ги минува последните НБА денови на кариерата за време на 2003 и 2004 година.

Играше е и во Полска, Порторико и Кина. НБА кариерата ја заврши со просек од 7.4 поени по натпревар со 5.9 скокови, 2.2 асистенции и 1.5 блокади. Познат е по својата сила и речиси секогаш прекумерната тежина. Играше со над 130 килограми, а беше висок 206 сантиметри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде