Вечерва повторно прегазен пешак

Пешак е прегазен на улицата Македонска II бригада во Чаир, Скопје дознава 24инфо.

Според очевидци повреден е маж на возраст од околу 50 години.

Во несреќата учествувало возило од марката „Ауди“.

На местото на настанот пристигнаа полицијата и екипа на Брза помош, која му укажува медицинска помош на повредениот.

Повеќе детали се очекуваат по официјалните информации од надлежните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде