Пред неколку години во странство им ја убија ќерката, сега го загубија и второто дете…

За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не ги спомнува

-За мајката на која и пукна водењакот кога дозна дека сопругот е почина и се поради два дена подоцна

– За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново

-За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале

-За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница

-За дечките од Црвениот крст, пред се од Кочани

-За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко

– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони

-За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и за жал починати.

-За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје

-За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него

-За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници

-За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство и беше убиена и ќерката

-За родителите на чии раце пред болницата на клупа и починаа децата

-За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои за жал се лечат во странство и се во тешка ситуација понатаму.

-За ќерката на обвинителот која истот така се бори за живот

-За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многу…

Фејсбук пост на INTV

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде