Потресна исповед на таткото на исчезнатото девојче: „Мојата Данка е жива, а лагa е дека сум…“

Точно една година помина откако Србија и целиот регион беа кренати на нозе поради исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ. Нејзиниот татко, Милош Илиќ, верува дека таа е жива.

Двегодишното девојченце Данка Илиќ од Бор исчезна без трага пред точно една година. Низ овие 12 месеци се појавија бројни теории и шпекулации, но прашањето на кое сè уште никој нема одговор е – каде е малата Данка?

„Како да запре мојот живот тој ден. Сè стои во место, нашите животи стојат во место“, изјави таткото на Данка, Милош Илиќ, за српска Република.

Тој сè повеќе верува дека неговата ќерка ќе биде пронајдена и гледа сличности со другите случаи на исчезнати деца во Србија и во регионот.

„Мојата Данка е жива, и тоа е единственото во што сакам да верувам. Верувам и се надевам дека ќе се врати, како и другите деца. Помина многу време, но од друга страна, настаните во Брчко и Уб ме натераа да размислувам на овој начин. Кога во Брчко беше откриена куќа полна со деца, секој ден се надевавме дека некој ќе нè повика и ќе ни каже дека Данка е пронајдена. Потоа слушнавме дека ниту едно од децата не е од Србија, барем не оние што беа пронајдени во таа куќа. Се поставува прашањето од каде биле децата кои претходно поминале низ таа куќа“, изјави тој и додаде:

„Од друга страна, кога се бараше детето во Уб, секоја секунда од пред една година ми се врати. Објава дека дете исчезнало, вечер, драма, потрага, полиција. Јас и Ивана ги преживувавме сите тие моменти повторно. Секоја вест што излегуваше не’ вознемируваше, но и радуваше. Кога дознавме дека е пронајдено, бевме среќни како да е нашето дете. Но, повторно не’ стигна реалноста. Нашата Данка ја нема.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде