Страотни сцени од разорниот земјотрес во Мјанмар: Мост падна како да е направен од карти

Мост што ги поврзува мјанмарските региони Ава и Сагаинг се урна откако силен земјотрес го погоди централниот дел на земјата, јавува Си-Ен-Ен. На социјалните мрежи е објавена снимка од уривањето на мостот.

На снимката се гледаат делови од Стариот мост Сагаинг откако паднале во реката Иравади, која тече од север кон југ на земјата.

Очевидци изјавија за Myanmar Now дека делови од историската палата Мандалај во Мандалеј биле сериозно оштетени. Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека земјотресот што го погоди Мјанмар бил со јачина од 7,7 степени, со епицентар на приближно 16 километри југо-југоисточно од Сагаинг и 17 километри источно-југоисточно од Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.

Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека земјотресот што го погоди Мјанмар бил со јачина од 7,7 степени, со епицентар на приближно 16 километри јужно-југоисточно од Сагаинг и 17 километри источно-југоисточно од Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар.

Солитерите во изградба се уриваат во Бангкок

Како што јавува Би-Би-Си, земјотресот бил почувствуван и во Кина и во Тајланд, а на социјалните мрежи се појавиле видеа на кои се гледа како луѓето бегаат од зградите во Бангкок и се собираат на улиците. Зградите во Бангкок наводно се нишале, што предизвикало евакуација на многу луѓе. Во овој град имало и рушење на солитер во изградба.

Засега нема официјални информации за евентуални жртви или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде