Страотни сцени од местото на трагедијата: Возел 250 км/час, загинаа три млади животи – Трагедија во Италија

Тројца млади луѓе загинаа викендов во италијанскиот град Бриндизи, предизвикана од возач на изнајмено „Порше“, кој возел 250 километри на час и ја загубил контролата врз автомобилот, пишуваатВозачот, 22-годишниот Луиџи Перучо, го изнајмил „Поршето“ за 400 евра.

Тој возел со огромна брзина кога изгубил контрола, а автомобилот се превртел, удрил во дрво и се запалил. Загинале и две 21-годишни девојки – Сара Капилунга и Карина Ризхова.

Телата на жртвите во несреќата од целосно изгореното возило морале да ги извлекуваат локалните пожарникари. Несреќата ја потресе локалната заедница.

Една од жртвите била од Украина и живеела со италијанско семејство, а тоа било информирано преку телефонски повик и со помош на GPS пристигнало на местото на трагедијата.

Градоначалникот на Бриндизи прогласи ден на жалост и изјави: „Засекогаш ќе бидете во нашите срца“.
Истражните власти продолжуваат со истрагата за причините на несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде