Заврши средбата меѓу Мицкоски и Таравари – еве што е одлучено

Средбата што започна денеска во 17 часот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари,

кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, заврши без конкретна одлука, но, како што информираат од Владата, во конструктивен дух.

Од таму посочуваат дека разговорите ќе продолжат и во текот на овој месец, а до крајот на мај ќе се знае и иднината на партијата на Таравари во Владата.

Министерот Таравари за телевизија Сител изјави дека средбата била пријателска, додека премиерот Мицкоски, на средбата ги потврдил веќе јавно изнесените ставови и позиции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде