На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив е донесено починато тригодишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт, а во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 03.00 часот го однела во Општа болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што во 08.45 часот е констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција, информираа од МВР.
-Точно е дека Блаже имаше Даунов синдром и не напредуваше со телесната тежина. Имаше 3 килограми и 680 грама. Но, тоа не значи дека треба да се остави без третман. Кога се разбудив ноќта, видов дека ја плукнал цуцлата, а исплукал и крв. Веднаш со сопругот отидовме во болницата во Кавадарци.
Таму им кажавме дека е без енергија, истоштен, дека плукна крв која можеше да се види на панталоните. Го прегледаа со слушалка, со дрвено стапче во устата и му измерија температура. Потоа ми рекоа дека Блаже е добар.
Побаравме упат за Скопје и ни дадоа, но кога побаравме амбулантско возило за превоз до Скопје, докторката што беше дежурна ни рече дека нема основ да ни издаде возило за Скопје и да се снаоѓаме сами, сме можеле да одиме со автобус до Скопје, а рече дека била сигурна оти Блаже ќе го издржел патувањето. Ова се случуваше во 3 часот ноќта.
Сабајлето имавме најдено превоз и Блаже не го издржа патувањето до Скопје. Ми умре на раце на патарината пред Скопје, изјави за „Слободен печат“ Тања Стојанова, мајка на детето.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Слободен печат