ВОНРЕДНО: Силен земјотрес ја стресе Грција
Утрово земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.