„БМВ“ удри во бетонски ѕид – повредени четири лица меѓу кои двајца малолетници

32-годишник од Скопје и малолетници се тешко повредени, додека уште две лица се полесно повредени во сообраќајка на скопски булевар.

Возачот удрил во рекламно пано и бетонски ѕид. 

– На 08.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булeвар „Македонско-косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.

Во несреќата со  тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје,

констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе -годипшнбиде поднесена пријава по член 297 и 301 од Кривичниот законик. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде