Тешка сообраќајна несреќа – повредени се три лица

Тешка сообраќајка во прилепско, повредени се три лица. 

Вчера во 13.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „кадилак“ со американски национални ознаки, 

управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(64) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди неговата сопатничка С.С.(56) од Прилеп и возачот на патничкото возило „кадилак“, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде