Доаѓа невреме во Македонија – објавени деталите

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од денес (понеделник 9 јуни, па се до среда 11 јуни) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите за 3 до 5 степени,

па така максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот 25 до 33 степени.

Сепак, атмосферата повторно нема да биде стабилна, па така во попладневните часови очекувам локален развој на грмотевични конвективни облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на краткотрајно невреме со појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачува до околу 32/33 степени.

МетеоАларм – Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде