Се судрија „голф“ и „ауди“ – две лица итно пренесени во болница

Се судрија „голф“ и „ауди“ – две лица итно пренесени во болница

На 11.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улиците 10 и 12, улицата Финска и улицата Пролетна офанзива во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки,

управувано од Ш.М.(46) од село Средно Коњари, скопско и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(29) од село Инџиково, скопско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.П., а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка В.П.(50) од село Инџиково, скопско, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде