Денеска ќе биде пекол: Погледнете до колку ќе се искачи температурата во Македонија

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Времето во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, во сабота наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде