Страотна несреќа – тројца малолетници пренесени во болница

Се судрија двајца малолетници со мопеди во Битола. Повредени се три деца. 

– На 12.06.2025 во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот,

додека со телесни повреди  се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола, известија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде