Запрена постапката за поранешни функционери во власта за трагедијата во Кочани – немало доволно докази

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази,

меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Како што појасни за едно лице постапката е прекината, за друго лице се прекинува затоа што се работи за веќе починат човек, а за останатите девет може да продолжи доколку се најдат дополнителни докази.

Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот, рече Коцевски.

„Тројца обвинети во својство на одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, од 13.12.2012 година до 16.03.2025 година во наведениот објект вршеле угостителска дејност, иако:
– објектот не ги исполнувал минимално техничките услови за вршење угостителска дејност согласно чл.6 од Законот за угостителска дејност.

Обвинет е и братот на првообвинетиот, како одговорно лице за продажба на влезници и контролирање на бројот на посетители и нивната возраст, бидејќи континуирано во договор со својот брат, не постапувал според прописите и техничките правила

Обвинета е сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект.

Во 2023 година, повторно незаконски, таа му изготвила основен проект, користејќи го како образец претходниот документ при што ја сменила насловната страна како да е документот изготвен во 2023 година, за да може обвинетиот и инвеститорот ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани понатаму незаконито да го користи документот како основа за вршење на угостителска дејност и добивање лиценца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде