Работно лето за партиите пред есенските локални избори.
Кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за Битола – Тони Коњановски, за Охрид – Кирил Пецаков, Штип – Иван Јорданов, Велес – Марко Колев, Кавадарци – Митко Јанчев, Гевгелија – Андон Сарамандов, Аеродром – Дејан Митески, Бутел – Дарко, Костовски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски.
Од партијата најавуваат дека кон средина на јули ќе ги обзнанат и другите кандидати, меѓу кои и фаворитот за кандидат за градоначалник на Скопје, а ќе имаат консултации и со коалиционите партнери.
Социјал демократите се тивки. Досега единствено изјавија дека тројца од актуелните градоначалници во центар, Крушево и крива паланка ќе ги бараат гласовите од жителите.
Најголемата опозициска партија рече дека до крајот на месецот би требало да ја комплетира целосната листа на кандидати за градоначалници, вклучувајќи го и адутот за град Скопје.
Во коалицијата вреди недостасуваат уште три имиња, за да се комплетира листата на кандидати за градоначалник во општините со мнозинско албанско население. Се очекуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани.
Вреди ќе ги кандидира актуелните градоначалници на Тетово, Чаир и за Општина Желино.
Во ДУИ сè уште не ги откриваат своите адути за кандидатски листи за челните места во единиците за локалната самоуправа. Помалите политички партии кои не се дел од двете големи коалиции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најавуваат самостоен настап и за градоначалници и советници. Локалните избори треба да се одржат во октомври годинава. Претседателот на Собранието, Африм Гаши најави распишување на изборите за крајот на јули, почеток на август.