Се судрија ,,сеат алтеа” и ,,цитроен” – има повредени

Едно лице е повредено при судир меѓу две возила на регионалниот пат Скопје-Тетово.

– На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај село Арнакија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од село Буковиќ,

скопско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(46) од село Пештани, охридско, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде