Младо момче од Македонија тешко повредено на работното место во Германија

Во индустриско претпријатие во Германија, 31-годишен Македонец се здобил со тешки повреди

откако бил приклештен меѓу бетонски ѕид и градежна машина тешка над 15 тони.

Несреќата се случила околу 19 часот, кога возачот на машината, 26-годишен Македонец, управувал со радладер и случајно го згазнал својот сограѓанин.

Повредениот бил пренесен со хеликоптер во Ургентната болница во Линц, каде што му е укажана итна помош.

Полицијата и надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде