Убава вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките, власта денеска изврши исплата
Информацијата ја објави министерот за земјоделие, Трипуновски.
Денес се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 лица.
Исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 2.2 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Продолжуваме со посветеноста кон поддршка на македонското земјоделство, напиша тој на Фејсбук.