Силен земјотрес во соседството – еве каде е епицентарот

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран попладнево, на 20 јуни 2025 година, во 18:18 часот во регионот на Додеканез, Грција.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил лоциран на координатите

36.68 географска ширина и 25.75 географска должина, а хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 7 километри под земјината површина.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Локалните власти ја следат состојбата, а сеизмолозите апелираат на внимателност поради можноста за последователни потреси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде