Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди денес северниот дел на Иран, објави Американскиот геолошки завод.
Земјотресот со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала се случил на длабочина од 10 километри,
околу 37 километри југозападно од градот Семнан, објави Американскиот геолошки завод.
Новинската агенција Тасним објави дека епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Соркех во покраината Семнан,
но го почувствувале и луѓето во Техеран, Семнан, Фирузкух, Килан, Ком и други градови.