Синоќа тешка сообраќајка, две лица пренесени во болница

Две повредени лица, од кои едно потешко, е билансот од тешката сообраќајна незгода во Охрид, која доцна синоќа се случи на кружниот тек кај поранешен „Мини маркет“.

Според првичните, неофицијални информации, до незгодата дошло кога возило марка „Голф“,

од до овој момент непознати причини, удрило во двете лица – маж и жена, кои се движеле по тротоарот.

Овој немил настан само го надополни вчерашниот „црн ден“ во Охрид, кога во водите на Охридското Езеро беше пронајдено безживотно тело на машко лице.

Од СВР Охрид за двата настани најавуваат повеќе информации во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде