УЖАСНА ВЕСТ: Страотна сообраќајна несреќа, неофицијално едно лице загина, друго се бори за живот

Доцна синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во Охрид, пренесуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, возило марка „Голф“ излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“, влегло во пешачка зона кај Гимназијата и удрило во ограда.

Неофицијално, како што објави Шило Магазин, „голфот“ удрил двајца пешаци кои се движеле по тротоарот.

Едно лице починало на лице место, а друго е пренесено во болница со тешки повреди, додаваат од Шило Магазин.

Полицијата изврши увид, а истрагата е во тек.

Официјални информации од полицијата се очекуваат во текот на денешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде